Убеден сум дека ја уверивме Захариева дека сме решени да го имплементираме Договорот за пријателство и соработка, порача Бучковски по средбата со Захариева – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 2:51 PM

Убеден сум дека ја уверивме Захариева дека сме решени да го имплементираме Договорот за пријателство и соработка, порача Бучковски по средбата со Захариева

Убеден сум дека ја уверивме министерката Захариева дека сме решителни во намерата да го имплементираме Договорот за пријателство и соработка. Бараме инструменти, ако тоа е патоказот, тогаш верувам дека тоа ќе може да биде алатка каде што ќе ги мериме достигнувањата во периодот кој престои, изјави денеска Бучковски по средбата со  бугарската министерката за надворешни работи, Захариева, во Бугарија.

Тој изрази задоволство за како што рече „конструктивните и отворени, пријателски разговори“.

– Признаваме дека е нарушена довербата, јас го изразувам лично своето задоволство што пријателска Република Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник на Владата како дополнителен напор да ја вратиме таа изгубена доверба. Се согласивме дека во периодот кој престои време е многу повеќе да се фалиме со сработеното, со дела, отколку со празни зборови, рече Бучковски, порачувајќи дека заедничката историја не можела да се промени, но можело да се променат работите во делот на инфраструктурата, да имаме поголема соработка во образованието, културата и посилна соработка во правец на зближување на двата народи.

Министерката Захариева од друга страна пак, зборуваше за неисполнување на Договорот за добрососедство. Потенцираше дека Бугарија ги нема променето своите позиции и дека инсистираат на приложување „патна карта“ како дел од овој договор.

Захариева рече дека земјава имала обид за избегнување на тоа што се потпишало, дека имаме заедничка историја, а Мешовитата комисија се користела за политички прашања.

Таа уште еднаш повтори дека тврдењето оти Бугарија го оспорувала самоопределувањето на македонските граѓани не е точно и го нарече манипулативно.