Баќо од „Јужни ветар“ стана татко за прв пат: Бебето ќе се вика Саво – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 2:36 PM

Баќо од „Јужни ветар“ стана татко за прв пат: Бебето ќе се вика Саво

Актерот Миодраг Радоњиќ стана татко. Тој со неговата сопруга, Милица Микиќ, го добија нивното прво дете. Гордите родители го добија нивниот син кому му дале славно српско име.

Имено, името на детето е Сава, што е познато православно име. Актерот љубезно се заблагодарил за честитките по повод раѓањето, но не сакал да даде никакви официјални изјави.

Миодгран во неговите претходи интервјуа раскажал дека Милица го „хипнотизирала со својата убавина и шарм“.

„Милица е психолог. Таа не ме освои, таа изведе некаква хипноза врз мене. Кој знае што се учат сите таму“ – со насмевка раскажал рече актерот за српски Телеграф.

„Во мојот приватен живот, не сум женкар како Баќо. За разлика од него, ми се допаѓа силна и стабилна врска со девојка, често менувањето партнери не може да ги задоволи моите емотивни потреби“, изјавил актерот во една прилика и додадл: „Човекот е создаден да има покрај себе некој на кого може целосно да му верува и да го поддржува, но и да го критикува кога е потребно“.

Сава е едно од најчестите имиња во Србија  со векови, благодарение на Растко Немањиќ, Свети Сава, првиот српски архиепископ.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/