Кападокија во ноември ја посетија повеќе од 87.000 туристи, не е како пред пандемијата, ама… – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 12:17 PM

Кападокија во ноември ја посетија повеќе од 87.000 туристи, не е како пред пандемијата, ама…

Музеите и археолошките локалитети во Кападокија во Турција која е позната по самовилските оџаци, долините со природни карпести формации, историските манастири, како и по подземните населени места, во ноември оваа година ја посетија повеќе 87.000 туристи, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Кападокија минатиот месец угости илјадници странски и домашни туристи.

Според податоците на Дирекцијата за култура и туризам во Невшехир, 87.700 туристи ги посетија музеите и археолошките локалитети во ова подрачје, од кои археолошкиот локалитет Зелве го псоетија 25.745, музејот на отворено небо Ѓореме – 23.709, а подземниот град Кајмалкли го посетија 12.775 лица.

Ова подрачје е негативно погодено и од пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека во истиот период минатата година 203.905 туристи го посетиле овој локалитет.