Започна воената вежба „Канџите на јастребот-2“ на Саудиска Арабија и САД – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 12:02 PM

Започна воената вежба „Канџите на јастребот-2“ на Саудиска Арабија и САД

Во северниот дел на Саудиска Арабија започна воената вежба помеѓу копнените сили на Саудиска Арабија и Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Анадолија (АА).

Во веста на саудиската новинска агенција СПА се наведува дека операцијата именувана како „Канџите на јастребот-2“ започнува, но не се дадени информации околу бројот на американските сили или за времетраењето на вежбата.

Се нагласува дека целта на вежбата е да се зголеми борбената сила против регионалните предизвици.

САД и земјите од Заливот, пред сè Саудиска Арабија, го обвинуваат Иран дека ги таргетира нафтените бродови и цели во Заливот, додека администрацијата на Техеран ги негира овие тврдења.