ФОТОГАЛЕРИЈА: Традиционален марш до Солунска Глава во сеќавање на четворицата загинати алпинисти во лавина – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 10:22 AM

ФОТОГАЛЕРИЈА: Традиционален марш до Солунска Глава во сеќавање на четворицата загинати алпинисти во лавина

Дваесетина алпинисти и планинари од повеќе места во Македонија, во неделата учествуваа на традиционалниот марш што секоја година во првиот декемвриски викенд се одржува на Јакупица во сеќавање на четворицата нивни колеги – Влатко Боцевски, Огнен Филиповски, Бранислав Ристовски и Предраг Томачев, кои во 1998 година загинаа од лавина на пат кон врвот Солунска Глава (2.540).

– Поради состојбата со коронавирусот, маршот годинава се реализираше индивидуално, но не заборавивме на нашите колеги и пријатели. Јас досега 20 години сум присутен на овој традиционален марш. Само две години сум отстуствувал од оправдани причини. Ми беа инструктори, многу работи научив од нив и никогаш нема да ги заборавам – вели Зоран Мајсторски, алпинист и инструктор.

Откако положиле цвеќе на спомен-обележјето во месноста Горна Бабина Дупка, каде што во лавината загинале четворицата алпинисти од Скопје, учесниците во маршот се искачиле на оснежената Солунска Глава.                                                                                              (Љ.Ш.).

Фотографии: Зоран Мајсторски