Во спречувањето на инфекцијата од коронавирусот, мажите и жените не ги штитат истите витамини – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 10:10 PM

Во спречувањето на инфекцијата од коронавирусот, мажите и жените не ги штитат истите витамини

Почетокот на вакцинацијата против коронавирусот ќе го означи и почетокот на крајот на пандемијата. Досегашното искуство покажува дека засега мултивитамините и неколку други додатоци може да бидат добри сојузници во заштитата од вирусот. Додека не се направи масовно вакцинирање, пронаоѓањето решение за ублажување на последиците од вирусот и понатаму останува главен приоритет во светот.

Во спречувањето на ширењето на вирусот значајна улога играат одредени додатоци односно суплементи – покажувa обемната анализа направена врз основа на податоците што се доставени од корисниците на апликацијата ZOE COVID Simptom Study. Истражувачите барале од корисниците да ги известат за суплементите кои ги користеле од почетокот на пaндeмијата. Од 1,4 милиони корисници кои учествувале, досега е забележана најголема употреба на витамини.

„Баравме корелација помеѓу земањето суплементи и позитивните резултати на тестовите за ковид – 19“, изјавила д-р Кристина Мени.

-Откривме дека мултивитамините, витаминот Д, омега 3 и пробиотичките суплементи имале мал заштитен ефект кај позитивно тестираните на вирусот. Спротивно на тоа, не видовме заштитен ефект кај останатите суплементи како што се витаминот Ц, белиот лук и цинкот – додала таа.

Меѓутоа, докторката и нејзиниот тим ги сумирале своите резултати според полот на испитаниците и дошле до интересни податои.

-Откривме дека мултивитамините, витаминот Д, омега 3 и пробиотичките додатоци скромно помогнале во заштитата на жените, но не го видовме истиот заштитен ефект кај мажите, тоа беше изненадувачки резултат – појаснила докторката.

Според истражувачите, луѓето што земаат витамини и други суплементи можат веројатно и подобро да водат сметка за своето целокупно здравје ако на ова се додадат и останатите мерки за заштита како носењето маска и честото миење раце.

Ова би можело да објасни зошто луѓето кои земаат суплементи имаат помали шанси да се заразат.

 

Извор: telegraf.rs