Почина поранешниот селектор на Аргентина, Алехандро Сабеља – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 8:30 PM

Почина поранешниот селектор на Аргентина, Алехандро Сабеља

Аргентинската легенда Алехандро Сабеља почина на 66-годишна возраст, јавуваат аргентинските медиуми.

Поранешниот фудбалер на Ривер Плејт, Шефилд Јунајтед и Лидс Јунајтед, според медиумот кој прв ја објави трагичната вест за Марадона, „La Nacion“, бил во болница од 25 ноември поради срцеви проблеми.

Засега не е познато дали селекторот кој ја водеше Аргентина во финалето на Светското првенство во 2014 година против Германија, починал како последица од коронавирусот.

Сабеља како играч има освоено три лигашки титули со Ривер Плејт, пред да замине за Англија и да ја продолжи кариерата во Шефилд и Лидс. Подоцна тој се враќа во Аргентина и со тимот на Естудијантес освојува уште две лигашки титули. Како тренер во 2009 година на чело со Хуан Себастијан Верон, го одведува Естудијантес до титула во Копа Либертадорес.

 

 

 

Фото:

mundoalbiceleste.com