Работникот треба да има право на избор дали недела за него ќе биде неработен ден, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 5:24 PM

Работникот треба да има право на избор дали недела за него ќе биде неработен ден, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија

Од Стопанската комора на северозападна Македонија, сметаат дека работникот треба да има право на избор дали недела за него ќе биде неработен ден. Од оваа комора, додадоа дека не на сите им одговора само во недела да останат дома.

Претседателот на собранието на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи, вели дека предлог законот недела неработен ден треба да биде полиберален, односно работникот според своите потреби но и обврски, да одлучува кој ден му одговора да го користи како слободен.

Дел од граѓаните пак сметаат дека во пракса нема многу да се почитува предлог законот недела неработен ден, пред се поради сиромаштијата. Луѓето да заработаат некој денар плус и да се прехранат, не гледаат дали е празник или делник.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија, велат дека ако се донесе предлог одлуката недела неработен ден, треба да имаме строга контрола од инспекциските служби, се со цел овој закон да не се злоупотребува од страна на работодавците.

з.д