Белграѓани се простија од Џеј Рамадановски, се собраа на улица и ги пееја неговите песни – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 4:19 PM

Белграѓани се простија од Џеј Рамадановски, се собраа на улица и ги пееја неговите песни

Фановите на неодамна починатиот фолкер Џеј Рамадановски во Србија се простија од него на посебен начин.

Во белградски Доркол, луѓето спонтано се собираа на улица, додека музиката на Џеј се слушаше од еден од балконите. Многумина ги пееја хитовите на легендарниот пејач, а публиката особено реагираше на  песната „недела“, бидејќи 57-годишниот пејач почина токму на тој ден.

Покрај песната, танцот и виното, тимот запали и факели за Џеј, а снимките ги објави пејачот Ален Сакиќ.

Пејачот почина од срцева слабост. Пред неколку години тој беше опериран на срцето , а неодамна за медиумите во Србија изјави дека е во строга самоизолација поради здравствената состојба и опасноста од инфекција со коронавирус.

Рамадановски е роден во Белград во 1964 година во ромско семејство со потекло од Македонија. Со музика започнал да се занимава кон крајот на осумдесеттите, а во деведесеттите стекнал слава во сите земји од поранешна Југославија.

index.hr

foro-index.hr