Ако живеете со милениче уверени сте дека сте ја направиле вистинската одлука кога сте го вдомиле и сте го направиле дел од своето семејство, но ако не живеете со милениче тогаш сигурно барем еднаш имате помислено дали тоа би било добра идеја за вас и како би изгледал вашиот живот со милениче.
Уметникот Адемар Виеира сакал да ја покаже токму убавата страна на храброста да се донесе нова животна одлука како што е вдомувањето милениче. За таа цел Виериа изработил стрип насловен „Изборот“. Стрипот покажува две паралелни реалности, едната е здодевниот живот без милениче, а другата е убавиот живот со милениче и сите предизвици кои ги носи тоj живот.
Ако сѐ уште се мислите дали сакате и дали е паметно да вдомите милениче, погледнете го стрипот, сигурни сме дека ќе ви го освои срцето.
Фото: ademar__vieira