Петиција „Споменик за Џеј“: Околу 600 граѓани веќе ја потпишаа и бројот се зголемува – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 5:29 PM

Петиција „Споменик за Џеј“: Околу 600 граѓани веќе ја потпишаа и бројот се зголемува

Вчера на педесет и пестгодишна возраст почина Џеј Рамадановски, а по смртта на овој легендарен пејач, граѓаните почнаа да ја потпишуваат петицијата „Споменик за Џеј“. Околу шест илјади граѓани веќе ја потпишаа петицијата и нивниот број се’ повеќе се зголемува.

Со емоциите од неговиот глас и неговите песни се живее, се сака, се пати и се умира. Тие ни се потребни за да знаеме дека сме живи. Спомениците не им се потребни на оние кои заминуваат. Џеј ќе живее вечно во своите песни. Секако дека си замина во недела. Можеше да оди единствено кога кафеаните не работеа – стои на објавата за петицијата.

За потсетување, градоначалникот на Белград, Горан Весиќ најави дека ќе предложи покојниот пејач да добие обележје во Дорчол, покрај Скендербеговата улица, каде што пораснал. Тој потсети дека за да добие некој некакво обележје или улица, според одлуките на Советот на Град Белград, мора да поминат три години од смртта.

 

Извор:  blic.rs