На средбата на штипските граѓански организации со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров што се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Штип, токму долгото чекање на една обична процедура во Секторот за европски прашања (СЕП), беше истакнато како еден од проблемите со кои се соочуват граѓанскиот сектор.
-Тоа е непотребно губање време за еден обичен документ, што некогаш може да трае и до два – три месеци, рече на средбата, Ерол Адемов од Здружение на мултиетничко општество за човекови права.
Вицепремиерот Димитров одговори дека овие документи ги работи само еден службеник, а барањата на граѓанските организации се повеќе стотина. Затоа, во СЕП се работи на дигитализација на издавањето на документите.
-Преку проект поддржан од Британската амбасада и една македонска граѓанска организација работиме на дигитализација. Со тоа, аплицирањето ќе биде електронски, а документите ќе се издаваат за два до три дена, кажа Димитров.
Присутните граѓански активисти истакнаа повеќе проблеми, како сложеното аплицирање и раководење со европските проекти, адиминситрирање што е еднакво и за големите и малите организации, кои главно работат регрантирање. Ја истакнаа потребата од почести повици од Владата за граѓанските организации, кои имаат да понудат добри идеи во функција на заедницата. Потоа, беше забележано на концентрација на доделувањето на проектите на организации во Скопје, поради што, граѓаѓанскиот сектор во внатрешноста на државата е с веден на минимум. Поголемите износ на средства се доделуваат на поголемите организации кои се основани и работат во Скопје.
-Од посетите на мобилниот центар и редовните контакти, евидентно е дека се помал број рганизации се активни во источниот дел на државата, што само по себе говори за замрениот граѓански активизам. Чести се реакциите на организациите од регионот дека потешко доаѓаат до донаторите и имаат потреба континурано од обуки, бидејќи немаат доволно капацитети да работат поголеми проекти, поради што младите волонтери се обесхрабруваат, го пренесе искуството од терен Слободанка Блажевска, раководител на Граѓанскиот ресурсен центар во Штип.
На пристапот до програмата Еразмус се пожалија организациите, кои работат на темата младински политики. Димитров одговори дека е потребна поголема активност на терен и редовни средби од страна на Националната агенција за европски образовни можности и ммобилност. На реакцијата од претставниците од Општина Штип дека ретко им се прифаќаат проекти кога аплицираат на европски повици, Димитров предложи обуки од СЕП, специјализирани за пишување на европски проекти. Блажевска од ГРО го истакна отворениот повик за бесплатни повици што ги организира ГРО, каде може да се пријави секој заинтересиран.
На средбата беше истакната потребата од организирање и помош за ромските деца опфатени со образовниот процес, кои немаат компјутери за да се вклучат во наставата, па често нивните родители од работа се вклучуваат намесно нив за да покажат присуство.
Вицепремиерот Никола Димитров кажа дека редовно се среќава со донаторите, а на неделна база има средби со Делегацијата на ЕУ. Според него, граѓанскиот сектор е креативна движечка сила во општеството, кое си го најде своето место во демократизација на македонското општество.