Годинашниот ноември најтопол на планатата досега – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 12:53 PM

Годинашниот ноември најтопол на планатата досега

Годинашниот ноември бил најтоплиот ноември на планетата досега, соопшти Европската служба за климатски промени “Коперникус”.

Како што се наведува, температурите биле над просекот и во голем дел од северна Европа, Сибир и Северниот Леден Океан, каде што морскиот мраз бил на најниско ниво некогаш забележан во ноември. САД, Јужна Америка, јужна Африка, Тибет, источен Антарктик и поголем дел од Австралија исто така забележале значително повисоки температури од просекот.

На глобално ниво, ноември бил за 0,8 степени Целзиусови потопол од просекот за периодот 1981-2010 година, пренесува СНН.