На денешен ден (7 декември 2020 година), се навршуваат 50 години од оваа иконска сцена. На 07 декември 1970 година германскиот канцелар Вили Брант клекна пред споменикот на Варшавското гето и во името на германскиот народ побара прошка за причинетата болка и сите неправди сторени врз Евреите.
Тоа беше клучен момент за пресврт и чин кој го овозможи помирувањето и идното обединување на Европа.
Европа е изградена врз историјата. Европската интеграција не значи негирање на историјата туку нејзино прифаќање и соочување со сопствената вина за историските неправди. Процесот на создавање и проширување на Европската Унија е процес отпочнат и воден како процес за создавање и одржување на мирот и стабилноста на европскиот континент, за да не се повтори историјата.
Извор: Фејсбук – Драган Алчинов