Кривокапиќ официјално ја презеде премиерската должност во Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 11:36 AM

Кривокапиќ официјално ја презеде премиерската должност во Црна Гора

Претседателот на Владата на Црна Гора Здравко Кривокапиќ ја презеде премиерската должност од својот претходник Душко Марковиќ, Анадолија (АА).

Досегашниот црногорски премиер Душко Марковиќ се состана денеска со новиот премиер Здравко Кривокапиќ и му ја предаде должноста.

„Денешната средба и формалното примопредавање на должноста е потврда на демократската содржина, зрелоста и одговорноста која ја негува нашата политика. Да се надеваме дека оваа Влада ќе работи во интерес на Црна Гора и сите нејзини граѓани”, рече Марковиќ.

Новата 42. Влада на Црна Гора е избрана во петокот со поддршка на 41 пратеник во црногорскиот парламент. Кривокапиќ е на чело на Владата која има 12 министерства кои ги водат непартиски личности, додека лидерот на коалицијата „Црно на бијело” Дритан Абазовиќ е потпретседател на Владата.