Штип осамна со искинати плакати на кандидатот за градоначалник на ИНТЕГРА, Симон Поликарп – Џими. Паднати плакати, што рано изутрината ги собираа комуниалните работници може да се забележат на десетина локации во градското подрачје. Единственото место што останало нечепнато е тоа во приградската населба Три Чешми. ИНТЕГРА на фејсбук за вандалството покажа кон политичка партија учесник во изборите.
Меѓутоа, Поликарп – Џими во изјава за ММС , се огради од постот на партијата што го кандидира и рече дека не може да посочи на никој, ниту поединец, ниту политички субјект
– Лично не можам да посочам кон никој. Се распрашуваме, па ќе видиме. Но, ова не личи на демократија. Секој има право на води кампања. Ова го нема ни во Африка, изјави Поликарп – Џими, кој е африканец, кој 30-тина години живее во Штип.
Симон Поликарп е еден од петемина кандидати за градоначалник, на Вонредните локални избори во Штип, закажани за 13 декември. Во досегашниот тек на кампањата, која влегува во последната недела, ова е прв ваков инцидент.