Мистериозна болест викендот хоспитализирала 150 луѓе во Индија – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 8:59 AM

Мистериозна болест викендот хоспитализирала 150 луѓе во Индија

Индиските здравствени власти отворија истрага за непозната болест од која за време на викендот заболеа речиси 150 луѓе. Сите повеќе од 140 пациенти биле тестирани на коронавирус и сите биле негативни.

Пациентите имале широк спектар на симптоми. Гадење, напади и несвестица, раскаѓале лекарите за Би-Би-Си, напоменувајќи дека повеќето од хоспитализираните заздравеле и брзо биле отпуштени.

Лекар во државната болница во Елуру за весникот „Индијан Експрес“ изјавил дека луѓето кои се разболле, особено децата, одеднаш почнале да повраќаат откако претходно се пожалиле на печење на очите. Некои од нив се онесвестиле или претрпеле напади.