Сред силна виулица пронајдени се двајцата исчезнати на Кожуф – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/20 10:58 PM

Сред силна виулица пронајдени се двајцата исчезнати на Кожуф

Живи и здрави се пронајдени вечерва околу 22 часот двајцата гевгеличани на седумдесет годишна возраст, по кои беше организирана потера на планината Кожуф, потврди за ММС, Ангел Наков од скијачкиот центар Кожуф. Во потрагата по Кире Арнаудов и Владо Дагалев, била вклучена шумската полиција, ловџии од ловечкото друштво „Елен“ од Гевгелија и голем број граѓани.

„Луѓето се пронајдени. Во моментов на Кожув има силно невреме со обилен дожд и ветер. Беше пребаран целиот терен и за среќа луѓето се пронајдени здрави и живи. Тие тргнале да пешачат Кожуф“ ни рече Наков.

Двајцата гевгеличани утринава заминале да се рекреираат. Синот на еден од нив,  околу 17 часот се слушнал со својот татко, од кого дознал дека бил изгубен некаде околу месноста Круша, а потоа бил недостапен на телефонскиот број, најверојатно поради испразнета батерија или бидејќи немало мрежно покривање на тој дел.  Веднаш била започната потрага по нив, која вечерва завршила успешно.

Ангел Данов