Британската кралица Елизабета Втора следната недела треба да ја добие вакцината против новиот коронавирус на „Фајзер“ и „Бионтек“, која неодамна беше одобрена во Британија, пренесоа денеска повеќе британски медиуми меѓу кои и „Сандеј Тајмс“ и „Сандеј Мејл“.
Кралицата која има 94 години и нејзиниот сопруг принцот Филип кој има 99 години, според тамошните медиуми, ќе бидат меѓу првите луѓе кои ќе ја примат вакцината.
Медиумите сепак велат дека тие имаат приоритет поради нивните години, а не според титулата. Од Бакингемската палата ваквата вест не ја коментираат, а неименуван портпарол рекол дека одлуките за здравјето се од приватен домен.
„Сандеј Мејл“ пренесе дека најстарите членови на монархијата ќе се произјаснат за вакцинацијата со цел да охрабрат што повеќе луѓе да се вакцинираат против вирусот.
Вакцинацијата во Британија треба да започне во вторник, а неодамна и премиерот Борис Џонсон изјави дека ќе го чека својот ред за да ја прими вакцината и дека нема да биде приоритет.