Ненад Јездиќ се огласи од болницата: Позитивен сум на корона – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/20 10:30 PM

Ненад Јездиќ се огласи од болницата: Позитивен сум на корона

Откако беше објавено дека итно е хоспитализиран, актерот Ненад Јездиќ се огласи од болничката соба. Тој објасни во каква здравствена состојба се наоѓа:

„Почитувани, откако во понеделникот добив позитивен тест на коронавирусот, пуштен сум на домашно лекување. По денешниот преглед, лекарите одлучија да ме задржат на болничко лекување, иако јас лично не се чувствувам многу полошо. Во добри раце сум, се’ ќе биде добро. Чувајте се и себеси и другите. Немам што повеќе да кажам на таа тема, благодарам на разбирањето“, изјави актерот за Блиц.

За потсетување, српските медиуми денеска информираа дека тој е хоспитализиран поради воспаление на белите дробови.

 

Извор:  republika.rs