Простено му е на Бранко –„таман работа да му се лутам“, вели Заев – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/20 7:38 PM

Простено му е на Бранко –„таман работа да му се лутам“, вели Заев

Заев не му се лути на Црвенковски за писмото, ама не ни разговарал со него речиси две години. Повремено Заев му праќа поздрави до Црвенковски преку луѓе, за кои знае дека контактираат со него.

По писмото на поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, во кое побара партијата да се огради од изјавите на Зоран Заев, во јавноста се слуша за „бранковисти“ и „заевисти“. Дали „бранковистите“ ќе ги победат „заевистите“ на конгресот во април догодина и какви се сега односите на Заев со неговиот претходник, Црвенковски? Ова беа прашањата со Зоран Заев во „Стадион“ на Канал 77.

Кн77:Кога последен пат сте разговарале со Црвенковски?

ЗЗ:Со Бранко Црвенковски не сум се слушнал скоро година и пол – две години. Сметам дека е добро  Црвенковски треба да биде активен во политика. Тоа знаење кое е втемелено како и кај сите други политичари може да придонесат многу. Во ЕУ земјите како и во нашиот регион има такви претседатели, кои се уште се активни. На пример Стипе Месич. За мене тоа е коректив на политиките во државата.

Кн77:Значи не му се лутите на Црвенковски?

ЗЗ: Таман работа, јас сум демократ човек, одговори Заев.