Законот за откуп на стаж и предвремено пензионирање не е отворено, во моментов се вршат измени на Законот за работни односи со кој е предвидено да завршат договорите за работа на 64 години возраст и 15 години работен стаж и на жените и на мажите, а дава можност и да се продолжува работниот стаж на здравствените работници, но не повеќе од навршување 67 години возраст.
Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на градинка во населеното место Миладиновци.
-Не пензионираме никого предвреме, правиме измени, заедно со пратениците, кои го предложија законското решение во координација со МТСП, односно предлог измени на Законот за работни односи во кој го дефинираме траењето на договорите за работа, рече министерката.
Појасни дека со измените се предлага договорот за работа да прекинува со наполнети 64 години возраст и 15 години стаж, што ги обединува како жени така и мажи согласно уставот да се еднакви.
-Не пензионирање, туку завршување на договорот за работа што индиректно инпутира дека сите со 64 години треба да одат во пензија, рече Шахпаска.
Таа додаде дека очекувала и власт и опозиција дека ќе го поддржат ова законско решение. Но,како што истакна, токму во оние закони каде ги правиме исклучоците, а имајќи ги предвид бројот на здравствени работници што ни се неопходни, да може нивниот работен век да се продолжува година за година најмногу до 67 години, опозицијата поднела 480 амандмани.
-Во услови на пандемија кога целиот свет се бори и кога и еден здравствен работник претставува сериозен придонес, опозицијата поднесе 480 амандмани со кој овозможуваме здравствените работници да продолжат да работат заради јавниот интерес, рече Шахпаска.
Таа додаде дека тоа можноста за докуп на стаж и предвремено пензионирање е друг закон кој воопшто не е отворен.
-Продолжуваме со реформите. Станува збор за докуп на стаж и предвремено пензионирање што не е предмет на дебата, ниту е приоритетен закон. Приоритетен е законот за работни односи, а потоа ќе го отвориме прашањето за докуп на стаж и предвремено пензионирање, потенцира министерката.
МИА