Повеќе од 66 милиони луѓе во светот позитивни на Ковид-19, починаа над 1,5 милион – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/20 11:59 AM

Повеќе од 66 милиони луѓе во светот позитивни на Ковид-19, починаа над 1,5 милион

Според најновите податоци што ги објави интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во земјите од светот, од почетокот на заразата со коронавирусот кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан досега, на глобално ниво бројката на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 66.252.020, пренесува Анадолија (АА).

САД се земја со најголем број на лица кај кои е детектиран коронавирусот, вкупно 14.772.535. По САД следуваат Индија со 9.608.418, Бразил 6.534.951, Русија 2.402.949, Франција 2.268.552, Шпанија 1.699.145, Велика Британија 1.690.432, Италија 1.688.939, Аргентина 1.454.631, Колумбија 1.352.607 и Мексико со 1.156.770 лица позитивни на коронавирус.

Од последици предизвикани поради заразеност со Ковид-19 во светот животот го загубија 1.524.768 заразени, додека пак оздравеа 45.831.083 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.