Сексот под туш може да биде и опасен: На што треба да обрнете внимание? – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/20 11:22 PM

Сексот под туш може да биде и опасен: На што треба да обрнете внимание?

Многу луѓе се привлечени од идејата за секс под туш, но добро би било да знаете на што треба да внимавате.

Да пробате нешто со саканата личност е навистина корисно. Или ќе научите дека нешто не ви годи, или ќе внесете малку свежина и страст во врската . Сепак, бидете внимателни. Според сексуалниот терапевт, Шенон Чавез, ако имате секс под туш, водата треба да е потопла за да се создаде влага и пареа.

Бидете внимателни бидејќи лесно може да дојде до незгода. Внимавајте да не се лизнете, за да не се повредите. Набавете гумени простирки и ставете ги на дното на кадата или на туш кабината. Треба да знаете дека водата не е лубрикант, туку може да делува на сосема спротивен начин и да го направи сексот неудобен.

Ако користите лубрикант нека биде силиконски, а доколку се одлучите за презерватив, ставете го пред да дојдете во допир со водата. Внимавајте исто така, гелот за туширање да не навлезе во интимните подрачја. Некои сексуални пози се поудобни во кревет, па можеби нема да функционираат доколку сте под туш.

Ваквата сексуална активност има и некои предности, а една од нив е намалување на напнатоста во телото. Топлата вода опушта, го елиминира стресот и им помага на партнерите да бидат посензуални. Освен тоа, сексот под туш е одличен за паровите кои имаат деца и тешко им е да најдат време и простор за себе.

 

Извор:  republika.rs