Електра Елит, првата трансродова пејачка во Србија, која гради пејачка кариера тука а живее во Швајцарија, се појавила на националната телевизија во Цирих, каде проституцијата е легален вид на заработка, и откри дека се занимава со најстариот занает. Таа кажала дека долги години се занимава со проституција, дека нејзините клиенти се претежно хетеросексуалци, а не хомосексуалци и дека меѓу клиентите има зафатени мажи, на кои за пари им ги исполнува сите фантазии. Пејачката ја потврдила оваа приказна за Ало.рс и објаснила дека никогаш нема да се занимава со проституција во Србија.
– Доаѓам овде за да уживам. Јас работам за пари само во Швајцарија, но плаќам и многу даноци за тоа. Таму е легализирано и немам проблем да зборувам. Србите се најдобрите момци, но јас не влегувам во бизнис врска со нив. Не сум ефтина како овде, имаат секс за 300-500 евра. Еден час со мене чини 1.000 евра! Скапа сум. Немам од што да се срамам. Моите деца знаат што правам и не ме осудуваат. Имам син и ќерка кои се горди на мене во секој поглед – рекла таа.
Ало пишува дека таа се развела од сопругот пред 13 години и решила да го смени полот и да стане жена. Тоа, вели таа, е нејзина предност во однос на другите жени кои ја работат истата работа како неа.
– Трансродовите луѓе не размислуваат како жени, туку како мажи. Ова значи дека ако си мој клиент и си маж, знам што сакаш, и јас можам да ти го дадам тоа, затоа што и јас бев маж. Клиентите имаат поголема почит кон мене отколку кон нивната сопруга или девојка, тие се послободни во интимните односи. Имам и брзи клиенти, кои доаѓаат само пет или десет минути, изјавила таа за Ало!
Фото: mondo.rs/alo.rs