Модна креаторка дизајнираше фустан што се носи на 11 начини – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/20 4:09 PM

Модна креаторка дизајнираше фустан што се носи на 11 начини

Сте помислиле ли некогаш дека еден единствен фустан може да одговара за буквално секаква пригода? Од Нова година, преку матурска вечер до состанок со љубениот… Да, буквално за секоја пригода.

Таков фустан креираше нигериската дизајнерка Ојинда Акинфенва. Таа успеа да создаде неколку мултифункционални фустани кои можете да ги носите како и да замислите и без проблем да ги прилагодите на вашиот личен стил.

Ако не можете ни да замислите како би изгледал еден таков фустан кој би бил погоден за секаква пригода, погледнете во фотографиите кои ги изdвоивме за вас.