Силна детонација утрово пред 10:00 часот се слушнала од центарот на Белград, поточно пред зградата на „РТС“.
Според „РТС“, едно лице го загубило животот како последица на експлозијата, додека пак две лица се потешко повредени. Експлозијата се случила на „Абердарева“ улица на градилиште близу зградата на Радио Телевизија Србија.
Неофицијално, работници од компанијата „Енинг енергетик“ од автомобил паркиран пред зградата изнесувале боци за заварување и тоа би можело да претставува причина за експлозијата која нанела штети на зградата на „РТС“ и службените возила во близина.
Фото:
rs.n1info.com