Вљубените Алмеда и Гари Хардвик се со 53 години разлика во годините, но тврдат дека тоа не е пречка за нивната љубов. Седумдесет и шестгодишната Алмеда и дваесет и тригодишниот, Гари се венчале во 2015 година, откако се запознале на погребот на нејзиниот син Роберт. Својот приватен живот, двајцата вљубени го споделуваат со пријателите на социјалните мрежи, а откако отвориле заеднички профил на ТикТок почнале да снимаат и видеа со еротски содржини, кои ги објавуваат на една страница за филмови за возрасни.
-Се работи за страница која на регистрираните членови им овозможува да споделуваат провокативни фотографии и видеа и преку нив добро да заработуваат, па се чини Алмеда и Гери тоа добро го искористиле.
-Отворивме сметка и се’ си покажавме, без цензура. За само една недела влеговме во топ 10 најпосетувани профили – објави Гери на Твитер.
Тој и Алмеда живеат со еден од нејзините внуци, кој е само три години постар од Гери.
-Не барав момче, но Гери едноставно наиде. Едноставно веднаш знаев дека тој е вистинскиот – изјавила Алмеда.
Два дена по нивниот прв состанок, Гери ја запросил преку телефон и кратко потоа си го истетовирал нејзиното име.
-Алмеда во срцето е млада, годините не ни се проблем, ние и не размислуваме за та. Само знам дека Бог ги слушна моите молитви тој ден кога таа влезе во мојот живот – заклучува Гери.
Извор: index.hr