Била избувлива и љубоморна во врската: Никола Ѓорѓевиќ со нови детали за односот со пејачката Сања Вучиќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/20 7:56 PM

Била избувлива и љубоморна во врската: Никола Ѓорѓевиќ со нови детали за односот со пејачката Сања Вучиќ

Откако стана дел од реалното шоу Задруга 4, Никола Ѓорѓевиќ не престанува да открива детали за неодамна раскинатата врска со Сања Вучиќ, која е дел од музичкото трио Hurricane.

-Таа е потполно луда. Знае да избувне за глупост и сешто и’ паѓа на памет. Таа тренира бокс, па се случуваше и да се степаме. Еднаш толку силно ме удри во главата, па течеше крв на сите страно. Раскинавмо бидејќи и пречеше што постојано бев во женско друштво – раскажува фитнес тренерот, а пренесува Информер.

Таа неколку пати виде други девојки со мене на моторот, па се каравме околу тоа. Останавме во добар однос, дури неодамна ми прати некои свои песни – додаде тој. Освен тоа, Никола откри дека пејачката била зафатена вo моментот кога почнала да флертува со него.

-Ми пријде на улица. Се сеќавам дека имаше некој краток шорц. Прво ме праша на која возраст сум, а јас излажав дека сме врсници. Тогаш таа имаше момче, но врска та им беше на стаклени нoзе – открива Ѓорѓевиќ.

 

Извор:  pulsonline.rs