Да се сакате себеси и своето тело е една од најважните работи во животот. Ако не сте среќни со начинот на кој изгледате, тогаш најверојатно треба да смените нешто, во спротивно ова може да се одрази на вашето ментално здравје.
Саманта Роули, самохрана мајка од Соединетите Американски Држави решила да го направи токму тоа. Откако дознала дека нејзиното, сега поранешно, момче се срамело да ја запознае со неговото семејство поради нејзината телесна тежина, решила за одмазда дa ослабне 90 килограми. Но Саманта вели ова не го направила исклучиво за тогашното момче, туку пред сѐ да си помогне себеси и да сфати која е таа навистина.
На почетокот од нејзината мисија со губењето тежина, Саманта тежела 164 килограми. По многубројните обиди да ја намали тежината преку традиционалните диети кои за неа се покажале како неуспешни, конечно на крај одлучила да подлегне на операција. Откако потрошила дури 20,000 долари за неколку операциони зафати, успеала да ослабне за дури 90 килограми и сега изгледа пресреќна со својот нов изглед.
Како поточно изгледа совршената трансформација на Саманта, погледнете во фотографиите кои ги издвоивме за вас.
Фото: therealslimsammii