Изгаснат е камионот, што рано изутрината се запали, додека се движел на автопатот Миладиновци – Штип, кај селото Коњаре. Интервенирале пожарникари, кои до пред 10 часот успеале да ги изгаснат возилото.
Камионот е сопственост на компанијата „Жикол“. На лице место во гаснењето на возилото, учествувале пожарникари од ППТЕ од Свети Николе.
-Денеска во 08:36 часот, имавме пријава од Центарот за управување со кризи дека е запален камион на автопатот Скопје-Штип. Екипата на ППТЕ од Свети Никола се упати на лице место со еден камион и тројца пожарникари. Интервенирано беше и од скопските пожарникари. Заедно учествувавме. Запалениот камион е на фирмата „Жикол“. Причина е наводно, инсталацијата на возилото. Повредена нема, возачот не е повреден. Нема зафатени други возила, ниту материјална штета, освен штетата на камионот. Додека се локализираше пожарот, имаше мал прекин на сообраќајот, изјави Кире Колев, командир на ППТЕ од Свети Николе.
Во тек е истрага за причините за избувнувањето на пожарот.