Дебата за ресоцијализацијата и реинтеграцијата на луѓето со нарушено ментално здравје – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/20 8:41 AM

Дебата за ресоцијализацијата и реинтеграцијата на луѓето со нарушено ментално здравје

Предизвици во ресоцијализацијата, реинтеграцијата и рехабилитацијата на граѓаните со нарушено ментално здравје и изнаоѓање начини како овие предизвици да се надминат се главните теми за кои ќе се зборува на панел дискусијата која ќе се одржи денеска во Скопје.
Оваа панел дискусија е во организација на Здружението за ментално здравје „Асоцијација Мисла”, во рамки на проектот Акција за поддршка на менталното здравје.
Од Здружението соопштија дека на настанот ќе се зборува и за тоа кои се проблемите на работното место, односите со колегите, за невработеност, можности за вработување, предрасуди кај работодавците, способност за работа и стекнување работни навики, поддршка наспроти помала вредност од семејството и роднините, поддршка, потсмев, критика и избегнување од пријателите и другарите и опасност одсоцијално исклучување и интимни врски, брак и основање семејство.
Најавено е обраќање на Мирјана Јовановска Стојановска, психолог, претседател на Комората на психолози на Македонија, Барбара Садовска, психолог, претседател на Фондацијата за взаемна помош Барка од Полска, Јасмина Калеовска, социјален работник и Стефанија Граовац, членка на Асоцијација Мисла.
Фото:
hbr.org