Се мотивирала од желбата за одмазда на поранешното момче: Младата Саманта го трансформираше својот изглед – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/20 10:14 PM

Се мотивирала од желбата за одмазда на поранешното момче: Младата Саманта го трансформираше својот изглед

Саманта Раули од Калифорнија цел живот се срамела од своето тело. Зборот „самодоверба“ не постоел во нејзиниот речник, а нејзиното поранешно момче ја криело од своите роднини и пријатели. Девојката била уништена кога момчето ја оставило преку социјалните мрежи, едноставно си објавил фотографија со својата нова партнерка.

Наместо да потоне во тагата, таа одлучила да се бори за својата среќа. Тешката животна приказна таа ја претворила во мотивација.

-Над една година бевме заедно, но тоа никој не го знаеше, бидејќи ме криеше. Се чувствував многу лошо во таа врка, постојано се обидував да го усреќам, а себеси се занемарував. Кога ме изневери, сфатив дека морам да си се посветам на себе – изјавила девојката.

„Одлучив да му се одмаздам на најдобриот можен начин – да ослабам“, истакнала Саманта.

Не ги жалела парите за да го оствари она што го наумила, па се одлучила за липосукција на стомакот, за која смета дека вложените пари вределе, бидејќи најпосле е среќна.

Го променила режимот на исхрана и се’ што било нездраво таа исфрлила од своето мени. Почнала да тренира и успеала да намали 92 ки кг.

-Сега сфаќам колку сум била несреќна претхдно. Најпосле сум среќна и позитивна – вели Саманта која сега тежи 72 кг.

 

Извор:    mondo.rs