Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, стана актерка, барем на еден ден. „Јутарњи лист“ пишува дека игра во серијата „Дар Мар“, популарна хумористична драма што се прикажува на „Нова ТВ“. Екс-претседателката успешно го завршила снимањето, а апизодата со неа треба да се емитува по Нова година.
„Сјајно се забавував на снимањето, затоа и ја прифатив улогата“, рече Грабар – Китаровиќ, не сакајќи повеќе да зборува зашто, според договорот со телевизијата, не смее да открива повеќе детали.