Почнува да се продава месо произведено во лабораторија – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/20 11:53 AM

Почнува да се продава месо произведено во лабораторија

Пилешки клетки одгледувани во биореактори во Сингапур, кои произведуваат месо од лабораторија, добија зелено светло, и тоа е пресвртна точка во прехранбената индустрија, како што ја знаевме досега.

Месото, произведено во биореактори, беше одобрено за прв пат од едно регулаторно тело.

Месото наречено „Chicken bites“ е направено од американската компанија „Eat Just“, ​​а е одобрено од сингапурската агенција за безбедност на храна. Нивното одобрување може да ја отвори вратата кон иднината во која целото месо ќе се произведува без да убива животни.

Како се прави месото од лабораторијата? –  Клетките се одгледуваат во биореактор од 1.200 литри и потоа се комбинираат со одредени растителни состојки. Клетките кои првично се вметнуваат во биореакторот се од банка на клетки, не се земени од мртви кокошки, благодарение на фактот дека клетките може да се земат преку биопсија на живи животни.

Засега, „Eat Just“ најавува ограничена достапност на месо од лабораторијата, а „chicken bites“ првично би се продавале во само еден ресторан во Сингапур. Ова месо ќе биде поскапо од обичното пилешко додека производството не оживее, но со текот на времето се планира да поевтини.

Преземено од: https://nova.rs/