Велика Британија е првата држава која ја одобри за користење вакцината против коронавирус на „Фајзер“ и „Бионтек“, пренесува „BBC“.
Произведувачот наведува дека вакцината е 95 отсто безбедна и ефикасна, а британскиот регулатор (MHRA) го потврдува истото. Велика Британија веќе нарачала 40 милиони дози вакцини кои од следната недела ќе бидат распоредени по здравствените установи. За две седмици од сега, приоритетните групи на пациенти ќе можат да го примат лекот.
Ова е најбрзата вакцина која од концепт е претворена во реалност.