Домашна пита со вишни и гриз – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 9:59 PM

Домашна пита со вишни и гриз

Питата со вишни не’ асoцира на детството, бидејќи рецептот не се менува. Но сепак, ако додадете малку гриз и пробате нешто ново, нема да имате штета!

Потребните состојки се следни: 

500 гр тенки кори

3 јајца

1 шолја од 200 мл масло

1 шолја шеќер

2 шолји јогурт

Околу 800 гр вишни

Гриз

Начин на подготовка:

Матете ги јајцата додека не станат пенести, па додајте го шеќерот. Мешајте, а потоа истурете масло и јогурт и изматете сè повторно. На крај додадете гриз и измешајте сè.

Оставете смесата да отстои околу 10 минути додека ги подготвувате вишните и корите, вклучете ја рерната да се загрева до 200 степени.

Потребни се 4 кори за една пита. Подмачкајте ја тавата за печење. На првата кора нанесете четири лажички од смесата и распоредете ја низ целата кора.

Ставете ја втората кора и повторете ја постапката, па сторете го истото со третата кора.

Кога ќе ја ставите и четвртата, ставете на половина од смесата па тенко развлечете. На подолгата страна ставете една четвртина од вишните, па замотајте ги корите и ставете ги во подмачканата тава.

Имајте предвид дека од смесата треба да ви остане доволно за да ја премачката питата од горната страна. Доколку немате доволно,  премачкајте ја најгорната кора со растопен путер. Питата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Откако ќе се испече, покријте ја тавата со крпа па оставете ја питата да се олади десетина до петнаесет минути. Наросете шеќер во прав и послужете.

 

Извор:  informer.rs