Локалниот пат за село Ростуше утре во периодот од 10 до 17 часот ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање.
-Асфалтирањето на патот, кој е од витално значење за сите граѓани на општина Маврово и Ростуше е во завршна фаза и доколку работите се одвиваат според зацртаната динамика целосно треба да заврши многу набрзо. Тој е во должина од над два километра, а со овој зафат се проширува на шест метри, наместо досегашните 3,5 до четири метри. Веќе е асфалтиран и центарот на Ростуше, кој сега доби нов лик, информираат од општина Маврово-Ростуше.
Проектот го финансира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и е со вкупна вредност од 18.594.783 денари.