За Србинот и Хрватот повеќе нема место во Мемфис: Хезоња и Гудуриќ на излезни врати од Гризлис – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 1:21 PM

За Србинот и Хрватот повеќе нема место во Мемфис: Хезоња и Гудуриќ на излезни врати од Гризлис

На неконвенционален и по малку и невкусен начин, некогашниот играч на Црвена Звезда и Фенербахче ја дозна веста дека од следната сезона ќе мора да си бара друг клуб.

Поранешниот заменик-претседател за кошаркарски операции во Мемфис Гризлис и актуелен колумнист во „The Athletic“, Џон Холингер, на „Твитер“ објави сугестивен твит кој алудира на промени во играчкиот кадар во кошаркарскиот тим од Тенеси.

-Доколку вашето име започнува со „Mар”, а завршува со „о”, тогаш вие нема да бидете во овој тим на 22 декември, вели Холингер.

Вака Марко Гудуриќ стана свесен дека во кампањата 2020/21 надежно ќе најде место во друг НБА тим, или сепак ќе се врати во Европа. Екипата од Мемфис планира да го трејда српскиот репрезентативец, или пак да го раскине неговиот договор и да му даде отказ.

Идентична судбина го очекува и дваесет ипетогодишниот Хрват, Марио Хезоња. Од стапнувањето на големата сцена во 2015 година, Хезоња забележува 335 мечеви во најдобрата светска клупска лига. На двајцата кошаркари договорите им истекуваат во текот на претстојната сезона.

Шпекулациите во Европа се дека и двајцата кошаркари можеби ќе се вратат во Евролигата, а Макаби, Реал Мадрид и Фенербахче се споменуваат како потенцијални дестинаци балканското дуо.

 

 

Фото:

grizzlybearblues.com