Легендата на Челзи е главен фаворит за тренерската позиција во Дерби Каунти – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 12:40 PM

Легендата на Челзи е главен фаворит за тренерската позиција во Дерби Каунти

По заминувањето на Френк Лампард од кормилото, Дерби Каунти се соочува со низа проблеми во Чемпионшип и воопшто не изгледа како тим што во скоро време ќе се врати во елитата.

Отпуштањето на поранешниот холандски репрезентативец, Филип Коку, остави празен простор на тренерското столче во Дерби, кое накратко го пополни друга англиска легенда, актуелниот играч-тренер Вејн Руни. Но, „овните“ не размислуваат на опцијата Руни да се задржи долго на тренерската позиција и имаат намера да го ангажираат моменталниот асистент-тренер во Астон Вила, Џон Тери.

Иконата на Челзи неодамна истакна дека би сакал да се обиде во тренерските води како главен стратег и по стапките на неговиот пријател и некогашен соиграч да започне од втората англиска лига и екипата на Дерби Каунти.

Најавената промена на сопственичката структура кај „ремси“ и стапувањето на сцена на кралското семејство Абу Даби, ќе ги зголеми амбициите на клубот што пред две години го елиминираше Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во Лига Купот, а сега се наоѓа на самото дно од Чемпионшип.

 

 

Фото:

footballleagueworld.co.uk