Српски град прогласи вонредна ситуација – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 10:50 PM

Српски град прогласи вонредна ситуација

Градоначалникот на Сомбор, Антонио Ратковиќ донесе одлука за прогласување вонредна ситуација на целата територија на градот поради пандемијата со коронавирусот. Одлуката е донесена врз основа на заклучокот на Штабот за вонредни ситуации, кој одржа електронска седница.

Заклучокот е донесен врз основа на доставениот извештај од Заводот за јавно здравје-Сомбор поради зголемениот број случаи на ковид-19, како и поради неповолната епидемиолошка ситуација на територијата на градот.

 

Извор:  srbijadanas.com