(ФОТО) Брендираното маче Запа е хит на Инстаграм – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 5:13 PM

(ФОТО) Брендираното маче Запа е хит на Инстаграм

Ако нешто во животот е сигурно, а тоа е дека на Интернет, а особено на Инстаграм, секогаш можете да најдете интересни слики од слатки миленичиња и други животни за да ве расположат. Без разлика дали станува збор за кучиња и мачки, или егзотични миленици како ежиња, камелеони, животните обично носат насмевка на нашите лица и нè прават среќни.

Не знаеме за вас, но воопшто не ни пречи овој вид на расположување и затоа секогаш со нетрпение очекуваме да најдеме нови профили со животни. Овој пат се осврнуваме на Запа, мачка од Холандија, која се чини дека има гардероба полна со шик облека. На фотографиите од нејзиниот профил, можете да видите како носи брендови како Supreme, Chanel, па дури и Gucci. Некои од изданијата се розев џемпер, светлосини очила за сонце, како и маичка со морнарска лента.

Иако не знаеме колку време се прават фотографиите за да се добијат резултатите што ги гледаме на Инстаграм, оваа мачка изгледа кул и скоро незаинтересирана за тоа што се случува околу неа. И нејзината облека и додатоци изгледаат одлично на неа.

Преземено од: https://citymagazine.rs/