Зошто заболените од ковид-19 треба повеќе да лежат на стомак? – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 11:10 AM

Зошто заболените од ковид-19 треба повеќе да лежат на стомак?

Зошто е корисно да лжите на стомак ако сте заболени  со ковид-19? Ова го објасни на својот Инстаграм докторката за инфективни болести Ана Горбунова. Како што забележува таа, болеста предизвикана од коронавирусот влијае на долниот респираторен тракт. Кога некое лице постојано лежи на грб, ова го интензивира патолошкиот процес, бидејќи во оваа положба мускулите на градите дозволуваат да се вдишуваат само мали количини на воздух.

„Лежењето на грб дополнително го зголемува отокот и го намалува снабдувањето со кислород во телото“, рече Горбунова.

Ако некое лице лежи на стомак, неговите посилни мускули на грбот добиваат сигнал за активна работа. Ова овозможува подлабоко вдишување – соодветно, повеќе кислород влегува во телото.

„Зафатените делови на белите дробови почнуваат да функционираат подобро. Алвеолите од двете страни се шират и се компресираат интерстицијалните прегради. Како резултат, отокот и воспалението се намалуваат “, објасни лекарот за придобивките од лежењето со ковид-19.

Горбунова додаде дека за време на акутниот тек на инфекцијата со коронавирус треба да лежите на стомак поголемиот дел од времето. После положбата на стомак треба да се комбинираат вежби за дишење. Според специјалистот за заразни болести, ова придонесува за поцелосно закрепнување на белите дробови, нивна подобра заштита од фиброза.

Извор: Здраве.то