Игор Полјак има мала продавница за здрава храна во Ријека. Раскажува дека инспектор му дошол пред крајот на работното време кога веќе ја извадил маската, а во продавницата немало никој:
„Ме казнија како да имам голем трговски алнец, тоа е идиотски потег на државата“, искоментирал сопстевникот на продавницата.
„Па, кога ја добив казната пред два дена, скоро и да се онесвестив. Ако ја платев казната, можев да ставам клуч на врата. Како и да е, прометот падна и едвај можеме да преживееме”, вели Игор Полјак, сопственик фирмата кој има мали продавници за здрава храна во Риека.
Тој во четвртокот доби прекршочна пријава според која треба да плати вкупно околу 4.000 евра затоа што не носел маска во продавницата кога дошол инспекторот за цивилна заштита. Поради тоа, неговата компанија треба да плати 2.650 евра, тој лично околу 1.300 евра, цената на постапката останува. Полјак има мала продавница и вели дека инспекторот дошол кај него при крајот на работното време.
“Ме казнија како да имам голем трговски ланец, едноставно не можам да го поднесам тоа. Ќе се пожалам и ќе одам на суд. Ова беше пред повеќе од еден месец, кога немаше поригорозни мерки како денес. Веќе одев да ја затворам продавницата, внатре немаше никој. Имаше плексиглас помеѓу мене и инспекторот. Ме праша зошто не носам маска, јас реков дека само ја фрлив во ѓубре затоа што го средував и затворав. Прашав дали ќе добијам опомена, казна, тој рече дека ќе го испрати само за запис. И сега добивам ваква казна. Адвокатот на кој му се обратив рече дека никогаш не чул некој да биде казнет вака во Хрватска “, раскажува сопственикот.
Својата фрустрација ја сподели и на Фејсбук. Тој вели дека не може да верува дека претходно не добил никакво предупредување пред да биде казнет.
“Вие се борите да преживеете и да работите. Јас сум во компанијата цел ден и сум единствениот вработен. Минатата година, кога сè беше во ред, јас само платив 33,000 евра ДДВ на државата. И потоа оваа идиотска држава доаѓа да ве казни. За нив казната е иста затоа што ние сме само компанија. Никој не ги зема предвид приходот, бизнисот, но таквите казни што би значеле за нас. Нема начин да разберат дека живеат од нас мали претприемачи”, заклучува Полјак.
Преземено од: https://www.b92.net/