Одложено рочиштето за „Мoнструм”, еден од поротниците има Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 9:46 AM

Одложено рочиштето за „Мoнструм”, еден од поротниците има Ковид-19

За денеска закажаното рочиште за предметот „Монструм” се одложува поради тоа што еден од судиите поротници е заразен со вирусот Ковид-19, информира Кривичниот суд Скопје.

Во предметот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година обвинети се  Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.

Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм” потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Го води обвинителката Фатиме Фетаи

Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.