Седум од десет најбогати бизнисмени на светот доаѓаат од технолошкиот сектор, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Блумберг Билионерс Индекс” (Bloomberg Bilionaires Index) објави нова листа на 500 најбогати претприемачи на светот, а на прво место е основачот на „Амазон” Џеф Безос чие богаство е проценето на 187 милијарди долари.
Богатсвото на Безоз од почетокот на годината е зголемено за 77 милијарди долари, а „Амазон” во екот на пандемијата оствари големи деловни успеси и важи за најголема интернет платформа од тој вид.
На второ место на листата на најбогати е Елон Маск, кој на третото место го потисна Бил Гејтс.
Маск е челник на компаниите како што се „Тесла” „Спејс икс” и „Неуралинк”, а неговото богатство е проценето на 140 милијарди долари.
Основачот на „Мајкрософт” Бил Гејтс е на третото место со богаство од 129 милијарди долари, а со години беше на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.
Францускиот бизнисмен Бернар Арно е на четвртото место со богаство од 105 милијарди долари, а на петтото место со лијарда долари помалку е сопственикот на „Фејсбук”, „Инстаграм” и „ВатсАп”, Марк Закерберг.
Меѓу десетте најбогати бизнисмени на светот се и Ворен Баферт, Лари Пејџ, Сеген Брин, Стив Балмер и Мукеш Амбани.