Сингапур: Бебе на мајка заразена со коронавирус родена со антитела – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/20 8:58 PM

Сингапур: Бебе на мајка заразена со коронавирус родена со антитела

Жена во Сингапур, која била заразена со вирусот корона за време на бременоста, роди син кој имал антитела , пренесува агенцијата Анадолија.

Селин Нг-Чан, која беше заразена со вирусот корона во март, се породила на 7 ноември.

Лекарите забележале дека момчето Алдрин, не само што е родено здраво и незаразено од вирусот корона, туку има и антитела против вирусот.

Од друга страна, кај мајката не се забележани антитела.

„Лекарот верува дека моите антитела против КОВИД-19 му биле пренесени на мојот син за време на бременоста“, вели 31-годишната мајка Нг-Чан која поминала две недели во болница поради умерена клиничка слика.

Имунитетот на вирусот корона трае најмалку шест месеци.
Една британска студија спроведена на здравствени работници неодамна покажа дека е малку веројатно луѓето кои оздравеле од КОВИД-19, повторно да се инфицираат во рок од шест месеци од првата инфекција.

Истражувањето е добра вест за повеќе од 51 милиони луѓе кои биле заразени со вирусот корона од почетокот на пандемијата, објавија научниците од Универзитетот во Оксфорд, авторите на студијата, пренесе Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

„Ова е навистина добра вест затоа што можеме да бидеме сигурни дека, барем на краток рок, повеќето од оние кои преживеале КОВИД-19 нема да бидат повторно инфицирани“, рече Дејвид Ер, професор од Оксфорд и еден од авторите на студијата.

balkans.aljazeera.net