МЗ: Во ниту една задравствена установа, не постои наредба за забрана за снимање и фотографирање од страна на медиумски работници – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/20 3:43 PM

МЗ: Во ниту една задравствена установа, не постои наредба за забрана за снимање и фотографирање од страна на медиумски работници

Во ниту една задравствена установа, не постои наредба за забрана за видеоснимање и фотографирање од страна на медиумски работници. Медиумите може непречено да си ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета или да ги ограничува во професионалното работење, велат од Министерството за здравство.

Согласно Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на лични податоци, Министерството за здравство и Здравствените установи се должни да го заштитат идентитетот на секој пациент, како и неговата приватност, од таа причина ве молиме при видео или фото известување задолжително да ги почитувате и заштитите идентитетот и приватноста на пациентите.

„Денеска предмет на интерес на повеќе медиуми беше ГОБ 8 Септември, ве информираме дека директорот д-р Христијан Костов не издал наредба за забрана за снимање на болницата. Тријажниот центар може да се снима и фотографира од одредена далечина бидејќи овде има пацинети кои чекаат да бидат хосиптализирани, а возила на Брза Помош носат болни во тешка состојба и од таа причина редот мора да се запази како не би се нерушила приватноста на пациентите, но и работата на здарвствените работници од една страна и медиумските работници од друга страна“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на  ковид центар, тирјажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично ве молиме да се обратите до здравствената институција или Министерството за здравство, како би се организирало снимање или фотографирање, со кое нема да се нерушат паравата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик задравјето на медиумските работници.