Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 281 мерка, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 52 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 33 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 33 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.