Зоран Заев: Доста беше омраза! – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/20 9:49 PM

Зоран Заев: Доста беше омраза!

-Јас сум Македонец, кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на неговата страна на социјалните мрежи и додаде:

„ Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза“!